НАГРАДИТЕ СЕ ПАТ ДО МАТЕМАТИЧКАТРА ОЛИМПИЈАДА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

На 61-от Државен натпревар по математика, кој е со најдолгогодишна традиција од сите државни трки во знаења учествуваа околу 200 ученици од прва до четврта година од средните училишта од Македонија. Гимназијата ,,Мирче Ацев,, ја претставуваа 10 ученици кои постигнаа завидни резултати. Од прва година, Марко Илиоски освои прва награда, Благоја Овезоски освои втора награда, а Бисера Галевска доби пофалница за учество. Ментор е професорката по математика Антонија Гическа Петковска. Од втора година, Емилија Џајковска доби пофалница за учество под менторство на проф. по математика Афродита Стефаноска. Од трета година Ѓорѓи Коцески, Марко Ристески и Ана Георгиеска се пласираа на третата позиција под менторство на проф. Маријана Спиркоска. од четврта година пак, Андреј Мрчески освои втора награда, а Стефан Димески доби пофалница за учество. Нивни ментор е проф. Евгенија Нешкоска

Успесите се потврда дека прилепската Гимназија дава одлични математичари кои децении наназад се на врвот во математички знаења.

Поради добриот пласман на државниот натпревар, учениците Марко Илиоски, Благоја Овезоски, Ѓорѓи Коцески, Марко Ристески, Ана Георгиеска и Андреј Мрчески ќе учествуваат на Македонската математичка олимпијада на 13 април.

Loading