КАЛЕН И КОКРЕ ОД ПРАИСТОРИЈАТА ДО ДЕНЕС

На првото предавање на Културниот центар „Калеш Анѓа“ од Крушевица со видео-презентација посветени на културата и историјатана Мариово се претстави богатото наследство околината на селата Кален и Кокре. Според публицистот Тренчо Димитриоски нагласува дека предавањето било дел од проектот ,,Запознавање со културата и историјата на Пелагонија, Мариово и Прекурид,,, што се одвива веќе неколку години со резултати од оригиналното повеќедецениско истражување на авторот на културата и историјата.

Преку говор, фотографија и видео-инсерти се изнесе богатството на археолошките локалитети кај Кален и Кокре. Се откриваат фрагменти од праисторијата до средниот век, како повеќе објекти, исклучителни експонати на македонската култура, како споменици со разни релјефи со натписи од пред повеќе илјади години и сл. Интересни се петте врвови на кои се кријат храмови на антички божества и остатоци од христијански храмови од исклучително значење за културата на човекот, а непознати за науката и пошироката јавност.

Loading