Јованоски
Градначалникот Илија Јованоски ги повика сите надлежни институции да постапат целосно според законот во расветлувањето и откривањето на причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески.
Тој побара да се разјасни и најмал сомнеж, зашто, според него, личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме.