ШК ЦРН БОР ГО ОСВОИ КУПОТ

Историја

Во април 1974 година Шаховскиот клуб Црн Бор го постигна најголемиот успех – освојувањето на Купот на СР Македонија. На завршницата од ова натпреварување, во Отешево, прилепскиот тим се пласира на првото место со 15,5 поени, над Студент од Скопје. Фаворизираниот противник, за кого настапија ИМ Софревски, ФМ Крстев, МК Јанчев, МК Георгиевски и МК Давчевски во меѓусебниот дуел беше совладан со 1,5-2,5 од разиграните МК Џајковски, МК Иваноски – Дулев, ПК Богески, ПК Тодороски.

Црн Бор зеде учество во Купот на Југославија во Пореч.

Loading