ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

medicinsko 1

Мереа крвен притисок, шеќер во крвта и делеа брошури со здравствено воспитен карактер. Учениците од III -2 клас од здравствената струка – медицинска сестра под менторство на стручните наставници Ленче Д. Јованоска и Наташа Ванчева демонстрираа што научиле за време на теоретските часови.

medicinsko 2

Сите активности беа во рамките на акцијата под мотото ,,Сите заедно во борба против кардиоваскуларните заболувања,,. Настанот се организираше во просториите на СОУ Ѓорче Петров во соработка со клубот Ротаракт – Прилеп. Изразија посебна благодарност до младите од Ротаракт клубот за нивната донација од три апарати за крвен притисок и еден апарат за мерење на шеќер во крвта. На фејсбук профилот на училиштето, му се заблагодарија и на директорот Страшо Ѓорѓиески за неговата поддршка.

medicinsko 4

Loading