Дали се грижите за домашните растенија или заборавате на тивките зелени сувенири, поради преполниот распоред, метежот и хаосот на секојдневниот живот?! Пред официјалниот старт на пролетта, свртете нов лист со љубов, малку време и посветете им доволно внимание на зелените разубавувачи на домот.
Еве неколку мерки да немате проблем со растенијата дома. Проверете го нивото на влага, отстранете ги мртвите листови, исчистете ги листовите, потхранете ги со хумус и проверете дали се на провев.
Со сите овие зафати ќе сео продолжи животниот век на домашните билки кои влијаат на домашната естетика.