ИЗНЕНАДУВАЧКА УПОТРЕБА НА СОЛТА

Солта не само што служи за зачинување на храната, туку е корисна за релаксирање на оток од осилото на пчелите. Може да послужи како ефикасно средство за чистење. Еве некои изненадувачки и практични начини на употреба што ги има.

Солта го смирува црвенилото од осилките на пчелите. Истријте го со сол местото и веднаш ќе го смири отровот.

Исчистете ја рерната од истурена храна за време на печењето. Посипете сол во рерната да се запре чадот и непријатните мириси кога рерната се лади.

Солта го елиминира мешањето на боите на облеката при перење. Ако перете шарени алишта на повисоки температури, не грижете се. Натопете ја обоената облека во половина литар вода со половина чаша оцет и половина чаша сол. Оставете ги еден час пре да ги перете.

Скршените јајца ставете ги во чаша со вода со две лажички сол. Свежите јајца ќе тонат и ќе се сварат без да истечат.

За истурено кафе турете четвртина чаша сол и десетина коцки мраз во тегла. Со соединението полијте ја ткаенината и исплакнете со ладна вода.

Штичката за сечење во кујната се чисти со триење со сол со тврда четка, а потоа исплакнете со топла вода.

Loading