ДОЈДОВ ДА МУ ПОМОГНАМ НА ПРИЛЕП

RK Prilep

Ракомет: Оливер Димитриоски, нов тренер

-Само два тренинга пред стартот на првенството

Машкиот клуб Прилеп прво се откажа, па по добиената финансиска поддршка од Општината продолжува во Супер лигата. По заминувањето во битолски Еурофарм на Ице Соколески, нов тренер на прилепскиот клуб е Оливер Димитриоски. Доаѓа од скопски Металург, клуб во кој имаше успешна работа и затоа беше прогласен за најдобар тренер во младинските категории. Притоа стана селектор на Кадетската репрезентација на Македонија.

Како се вративте?

– По долго размислување. Прилепчанец сум и ја прифатив понудата. Дојдов да му помогнам на Прилеп.

Накусо за кариерата?

– Почнав во Тутунски. Пред 20 години го формирав РК Пегаз, по три години и РК Прилеп.

Каква е моментната состојба во РК Прилеп?

– Работам со тоа што остана, а тоа емМладинската екипа, чиј тренер е мојот помошник Андријано Котески. Се прават напори да ги приклучиме искусните Александар Бозароски и Менде Петкоски.

Амбициите?

– Опстанок во Лигата. Тешко ќе биде, зашто со неколку екипи сме тука некаде со бодовите.

Тренинзите?

– Имавме само два. Ги одржавме пред првиот првенствен меч во средата со Еурофарм во Битола (35-11). В сабота играме дома со Охрид, во вторник пак дома, со Вардар јуниор, а следната сабота во Радовиш.

Утре првпат играте дома?

– На мечот со Охрид очекувам многу гледачи во ,,Ричко”. Младите ракометари имаат потреба од поддршка.

Денеска со Вардар

Женскиот тим на Деспина игра по збиен распоред. По триумфот дома (28-22) со Овче Поле, беше поразот во Куманово (29-17), во средата дома со Пелистер (23-28), а денеска е дуелот дома со шампионот Вардар. Овој меч треба да се одигра во ,,Ричко”.

Loading