ВИТАМИНКА ГО КУПИ ИМОТОТ НА ШТИПСКИ БРИЛИЈАНТ ЗА 7,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Potpisuvanje na kupoprodazniot   dogovor

Витаминка потпиша договор за купопродажба на имотот на Брилијант од Штип со Комерцијална Банка АД Скопје. Во сопственост на Витаминка преминува недвижен имот, објекти од 4.956 м2 и земјиште со право на сопственост од 21.592 м2, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.3 милиони евра во денарска противвредност.

– Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. Со потпишаниот договор почнуваме конкретни чекори за реализирање на деловната стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко – технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството како и развој на нова група производи. Правиме голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот – велат од Витаминка.

Од Комерцијална банка, која се јавува во својство на продавач, за значењето на договорот, велат дека се задоволни што една од најдобрите македонски компании во прехранбената индустрија Витаминка го презема деловниот потфат на фабриката за масло за јадење Брилијант од Штип.

Договорот има пошироко значење за економијата и ќе претставува успешно искуство во промоцијата на домашното производство.  

Loading