
Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ годинава ги доби средствата од котизацијата на тимовите на хуманитарниот аматерски велеслалом кој се одржа по 16-ти пат во Маврово, а се натпреваруваа 58 тимови од најголемите компании во Македонија. Парите ќе се употребат за летниот камп Шарено лето 2018, за децата што живеат во сиромаштија.
– Сите добиени пари, ќе ги намениме за летниот камп „Шарено Лето 2018“, за 12 сиромашни деца од Македонија. Лани на кампот учествуваа 40 деца. Продолжуваме со нови проекти посветени на создавање на среќно општество за сите. Следен проект е „Среќно Матуранти“ кој почнува на 20 март – изјави Кристина Арнаудова, претседател на Здружението.
Медалите на победниците на велеслаломот им ги врачи Арнаудова.
![]()

