Историја
За реномето на Победа значајни беа меѓународните пријателски мечеви. Таков беше дуелот на 31 август 1960 година против прочуената израелска екипа Макаби Хаифа. На стадионот ,,Гоце Делчев” пред 7000 гледачи се одигра изедначен и неизвесен натпревар. Поведоа гостите уште во 10 минута, но прилепчаните се изборија за пресврт. До крајот на полувремето голови постигнаа Б. Петкоски во 35 и Дамјаноски во 40 минута. Во вториот дел мрежите не се затресоа и конечниот резултат се запиша со 2-1 за домашните. За Победа настапија: Хаџивасилев, Анески (Ципушев), Бошкоски, Б. Петкоски, И. Димоски, А. Конески, Атанасоски, Г. Лашкоски, Малинков, Цветковиќ, Дамјаноски.
Макаби е 12-кратен шампион на Израел.