Маслото од лимон е одличен начин да го збогатите вкусот на вашите салати, тајна состојка со која ќе овозможите богатство од медитерански вкусови на вашата трпеза. Подготовката е повеќе од едноставна. Потребно е да излупите кора од еден лимон, ситно да ја измелете и да ја промешате со 50 милилитри маслиново масло. Оставете ја да отстои околу шест часа. Потоа процедете го маслото и чувајте го на темно и ладно место.
Се користи како прелив за салати.