Глогот го зајакнува срцевиот мускул, регулирајќи ја работата на срцето. Со редовно конзумирање на чај од глог високиот крвен притисок се намалува, односно нискиот крвен притисок ја постигнува оптималната вредност што го прави глогот одличен регулатор на крвниот притисок.
Чајот од глог се препорачува при воспаленија на срцевиот мускул и атеросклероза. Има поволен ефект кај слабост на срцевиот мускул. Долготрајното конзумирање на чај од глог без паузи може да доведе до неподносливост или труење. Најдобро е да се конзумира со постепено зголемување на количеството во текот на една недела. Потоа се прави пауза од 3-4 дена пред повторната конзумација.
![]()

