Според програмата на Комисијата за здравство и социјала при Здружението на пензионерите во 2018 година е планирано да се доделат околу 1.5 милион денари на име еднократна помош на членовите .
Комисијата ги разгледа првите 110 барања, на кои зависно од висината на пензијата и дијагнозите на болеста им беа доделени по 3,4 и 5 илјади денари. Во прва фаза се доделени околу половина милион денари. Уште во два наврата, до крајот на годината ќе се додели уште еден милион денари.
![]()


