ШЕСТ ВЕЛЕМАЈСТОРИ ВО ПРИЛЕП

Историја

Најголемите шаховски настани во градов, велемајсторските турнири според ФИДЕ, се одржаа кон крајот на 1992 година. Од 11 до 23 октомври беше турнирот ,,Еуроинвест банка” во ЦК ,,Марко Цепенков”. Учествуваа 12 шахисти, меѓу кои петмина велемајстори: Смагин, Михаљчишин (Русија), Киров, Трингов (Бугарија), Абрамовиќ (Југославија). Победник стана 34-годишниот Сергеј Смагин добивајќи ја наградата од 1000 германски марки. На вториот турнир ,,АД Центар” во хотелот ,,Липа” беа 14 шахисти, меѓу кои тројца велемајстори (на Абрамовиќ и Трингов им се приклучи Кнежевиќ од Југославија). Победник стана 28-годишниот ИМ Јуриј Обухов (Русија) награден со 1500 марки.

Од прилепчаните учествуваа Звонко Станојоски, Тони Кироски и Славе Трајкоски.

Loading