Пинг-понг
Наближува 18 февруари за почеток на Супер лигата, а со тоа се интензивираат подготовките на екипите. Тимот на Младост 96 покрај тренинзи има и учества на турнири. Практично, предвидени се секој викенд. Претходниот беше во Врање, Србија, каде е покажан успех. Новиот член на клубот, Петар Костовски, стигна дури до финалето, каде загуби од Србин. До четвртфиналето дојде Александар Рикалоски, до осминафиналето Антонио Стомнароски.
Клубот има амбиции за висок пласман во Супер лигата.