ИНТЕРНЕТ АЛАТКИ ЗА ЗНАЕЊЕ И РАЗОНОДА

ИКТ во наставата

Nastavnickata Julijana

Примената на информатичко компјутерската технологија во наставата, не само што е обврска за наставниците, туку е метод за подобрување на знаењето на учениците, низ интересен забавен и едукативен начин. Наставничката Јулијана Талеска смета дека интернет алатката “kahoot” помага да се направи проверка на знаењето на забавен начин. Таа пред колегите, на состанокот од Активот од јазично, естетско и општествено подрачје, го претставила користењето на kahoot во наставата.

– Се работи за интернет платформа https://kahoot.com  на која што едноставно се логираш, правиш свој профил и можеш да користиш веќе готови тестови, но и да креираш свои. Интересното е во тоа што тие тестови учениците можат да ги решаваат само преку нивните паметни телефони. Апликацијата можат да ја инсталираат преку google play; или да се логираат директно на страницата. Интернет алатката помага да се направи проверка на знаењето, дијагностичко проверување на претходни знаења, проверка на совладаното на самиот час (се спроведува 5-10 мин од крајот на часот), совладаност на темата, подрачјето и сл. Потребно е да се има интернет, претходно подготвен квиз/тест, интерактивна табла или проектор со компјутер и мобилни телефони (паметни телефони) – објаснува наставничката на страницата “Мојата училница”.

Со алатката интересно поминува дел од часот, а учениците се максимално вклучени преку практично користење на телефоните. Им пренесла на колегите и како да се направи квиз/тест.             

Loading