СО МАСЛО ПРОТИВ МРСНИ ДАМКИ

Практичен совет

Zbogum na tvrdokornite petna

– Петната стојат со години на кујнските крпи. Спасот е мошне едноставен. Сите ќе ве прашуваат од каде ги купувате белите крпи?

Без крпи во кујната не се може. Тие се одлични помошници во домаќинската работа. Но, со употребата ја губат бојата, а дамките од масло некогаш не можат да ги отстранат ниту најсилните хемикалии! Како да ги исперете крпите од најупорните дамки и да им го вратите претходниот изглед?

Krpi

Maslo za damki od maslo na   krpite

Ќе ви треба: тенџере со вода, 2 супени лажици сончогледово масло, 2 супени лажици белило (во прав) и половина чаша вообичаен прашок за перење. Процедура: стоплете ја водата; додадете го кон вжештената вода сончогледовото масло; после тоа сувото белило и прашокот за перење. Измешајте ги сите состојки. Потопете ги крпите во растворот. Исклучете го огнот. Покријте го тенџерето со капак. Оставете водата да се излади. Нека киснат неколку часа. После тоа извадете ги крпите и исплакнете ги.

Резултатот ќе биде прекрасен!  

Loading