ПУШЕЊЕТО ПРЕДИЗВИКУВА АСТМА И ХОББ

baseskiБелодробни заболувања

Здружението на астматичари “Дишам слободно” организира предавања за болестите астма и ХОББ. На последната средба на членовите на здруже нието им говореше специјалистот д-р Александар Башески.

Претседателот на здружението Благоја Конески, зад кого стојат 450 членови, вели дека организираат семинари, дебати, предавања за едуцирање на членството, но и за оние кои не се болни, да ги осознаат последиците и да ги спречат причините. Според него и овие болести се лекуваат. Затоа разменуваат мислења секој понедленик и петок во просториите на клубот.

Астмата и ХОББ (хроничната опструктивна белодробна болест), претставуваат хронични болести на респираторниот систем. Нивните симптоми, како што се стеснување на дишните патишта и отежнато дишење, се всушност последица на воспаленија. Кај астмата се појавува како последица на имунолошки одговор, или некоја форма на алергиска реакција, а кај ХОББ воспалението се појавува како последица на хроничен бронхитис или пулмонарна емфизема, кои предизвикуваат чести и тешки инфекции во раната возраст, нечист воздух и посебно пушење цигари.

ХОББ првично се појавува во форма на отежнато дишење, недостаток од здив и повремена сува кашлица. Со напредокот на болеста симптомите стануваат се поизразени, а во дишните патишта доаѓа до прекумерно создавање на слуз, кој дополнително го отежнува дишењето, предизвикувајќи кашлица со секрет и неможност за искашлување. Со ХОББ често се појавуваат и вирусни и бактериски инфекции. Астмата се манифестира со упорна сува кашлица, особено во текот на ноќта и во раните утрински часови, чувството на притисок и стегање во градите со недостаток на воздух (особено при напорни активности) и чудно свирење во градите при дишењето. При астматичните напади, дишните патишта посилно се стегаат заради што не може нормално да се дише, со што се зголемува чувството на страв. Нападите може да бидат повремени, само при изложеност на “поттикнувачи”, како што се настинка, стрес, голем физички напор, контакт со алергени. Или може да бидат чести, посебно доколку болеста не се третира соодветно.

– ХОББ е болест која се превенира и се третира, а се карактеризира со перзистентна лимиплација на дишниот проток (опструкција) која е обично прогресивна и придружена со зголемен инфламаторен одговор на дишните  патишта и белите дробови кон штетни партикли и гасови. Егзацербациите и коморбидитетот придонесуваат кон вкупната тежина на болеста. Дефиницијата не ги користи термините хроничен бронхит и емфизем и ја исклучува астмата (реверзибилна опструкција). Хроничниот бронхитис се карактеризира со продуктивна кашлица во повеќе денови во тек на 3 месеци, во најмалку две последователни години. ХОББ-от се манифестира во почетокот во средната животна доба. Симптомите постепено се влошуваат. Последица е на долг пушачки стаж. Опструкцијата е прогресивна и постојана. Дифузијата на респираторните гасови е често нарушена. Одговорот на бронходилаторите е слаб. Се јавува прогресивен тек на болеста. Астмата се јавува во раниот почеток на болеста обично во детството. Симптомите варираат од ден во ден и се јавуваат ноќе. Почетокот е најчесто изненаден. Фактори на ризик што предизвикуваат ХОББ се пушењето (85% од заболените се пушачи), професионалните иританси во индустријата, како и користење на биолошки горива во лоши станбени и социјални услови, потоа ареозагадувањето или пасивното пушење. И генетскиот фактор има влијание. Таков е недостатокот на алфа-1-антитристин – објаснува Башески. 

DSC04490

Според Башески, единствена превенција е прекин на пушењето, потоа едукација на децата и младите за штетноста од пушењето, преку програми за одвикнување од пушењето. Влијание имаат и медиумските кампањи, владина поддршка за забрани за пушење на јавни места и зголемување на данокот на цигарите.

– За клиничка дијагноза на ХОББ неопходна е спирометрија. Сите лекари кои се грижат за пациентите со ХОББ треба да имаат пристап до неа. Во центрите за астма и ХОББ пациентите се упатуваат за дијагностицирање. Спирометрија се прави на пушачи или поранешни пушачи постари од 40 години на пациенти со перзистентна кашлица и искашлување, потоа на пациенти со чести респираторни инфекции, пациенти со анамнеза за експозиција на ризик фактори. Раниот стадиум на ХОББ обично е “тивок”, па пациентот и лекарот не го препознаваат. Пациентот се јавува на лекар дури кога ќе му се наруши квалитетот на животот или во тек на егзацербацијата на болеста (се инсистира на специјалист). Ризикот се редуцира со превенција на прогресијата на болеста, превенција на третман на егзацербациите со што се доаѓа до редуцирање на морталитетот. Бронходилататорите се основни лекови за лекување на ХОББ. Се применуваат по потреба или редовно за спречување или намалување на симптомите – вели Башески.

За претседателот на здруженито Благоја Конески добро е дружиењето и разменувањето на мислења во клубот, почитувајќи ги и применувајќи ги  лекарските совети за наше добро.

– Ја респектираме пораката од докторот, “ако не ме слушате, нема да ви бидам лекар”, вели Конески

DSC04491

Епидемиолошките наоди најчесто дијагностицираат карциноми. Кај мажите во белите дробови, простата, колоректумот, желудникот, црниот дроб, а кај жените во дојката, колоректумот, белите дробови, цервиксот и желудникот. Морталитетот е највисок од сите карциноми. Од 8,2 милиони смртни случаи од карциномите, карцином на белите дробови носи 1.590 000, на црниот дроб 745 000, на желудник 723 000, колоректален карцином 694 000 на дојката 521 000, езофагеален карцином 400 000.

Македонија е на четврто место во светот по инциденца кај двата пола. Македонија во светски рамки е на трето место во светот по смртност од карцином на бели дробови кај мажите, втора во Европа. Прва е Унгарија, потоа Ерменија, Македонија, Србија. Најниска смртност има во Нигерија и Танзанија. Инциденца возраст од 55-65 години.

Во тутунскиот чад има 7 000 хемиски супстанции од кои  70 се докажано канцерогени. Пушачите имаат 15-30 пати поголем ризик од карцином на белите дробови. Пасивните пушачи имаат 1,5 пати поголем ризик. Ризикот расте со бројот на испушени цигари на ден и од пушачкиот стаж. Жените се 1,5 пати почувствителни на експозиција на тутунскиот чад. Пушењето е најважна докажана причина на карцином на бели дробови, 90 отсто кај мажите и 80 отсто кај жените.          

Поради азбестот, 20-25 отсто од изложените работници развиваат карцином на белите дробови.

Во светски рамки, ХОББ-от како болест е супспецијагностицирана. Повеќе од половината од заболените немаат поставено дијагноза и не знаат дека се болни. Не се води точна статистика за ХОББ во Македонија. ХОББ е четврта водечка причина за смрт во светот. Три милиони луѓе умираат, а 600 000 жители во светот страдаат од оваа болест. Се претпоставува дека околу 170.000 жители во Македонија боледуваат од ХОББ. Морталитетот не се разликува од светските потадоци.

Инфекциите и ХОББ се едни од водечките причини на смртност во светот. 

Loading