КОГА СРЕЌАТА ТЕ САКА!?

Daniel

Тикет со 20 парови, му донесе 40.000 евра на прилепчанец. Среќата му се насмевна на Владимир Ристески минатиот викенд. Тој  добил 2.567.111 денари.

– На тикетот бонусот беше 150 отсто, па затоа само од бонусот добив 1,7 милиони денари. Ова е најголемата добивка која ја имам добиено. Претходно најмногу имам фатено 60.000 денари. Продолжувам да играм. Се надевам на нови добивки, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се насмее среќата, бидејќи старото правило вели дека “Тој што игра – добива” – изјавил Владимир Ристески за некои од спортските портали.

Пред два месеци “бркал” да го добија џипот кој го давала кладилницата, но не успеал. Сега со добивката ќе има пари и за џип.

Loading