„БЕСКОНЕЧНОСТ“ – НОВ ПРОЕКТ НА ПЕТРЕ НИКОЛОСКИ

Beskonecnost na Nikoloski

Уметникот Петре Николоски, кој живее и работи во Велика Британија  од 30 јануари до 13 февруари во Чифте Амам во Скопје, ја отвора изложбата „Приватно – Јавно“. Ќе ја претстави идејата за делото “Бесконечност”, преку изложените макети и скици, да се види потенцијалниот алтруистички придонес во колективни ликовни дела. Изложбата е повик за заедничко осознавање на просторот што не опкружува. Тој претендира да се роди на поттикнувачка и повикувачка взаемност ликовно да се дефинираат сознанијата за македонскиот и прилепскиот современ пејсаж, чиј резултат ќе биди мултиплициран меѓународно. 

– Изложбата е дел од долгорочниот проект “Кожата на прилепското поднебје” кој минативе неколку години го работам со Библиотеката “Борка Талески” на којс е придружи НУБ :Св. Климент Охридски”. “Библиотеката” е метафора и примарен материјал во моделирањето на две скулптури високи 6 и 4 метри во форма на обелиск, чиј резултат ќе зависи од алтруистичкиот придонес на авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината – вели Николоски.

Изложбата е покана за писателите, до членовите на научните, културните и образовните институции преку пишаниот збор да се дефинира мислата за нивни придонес во реконструкцијата на сознанијата за менталната мапа на македонскиот и прилепскиот современ пејсаж.

Слични концепирани дела има во Италија, Јапонија, Канада, Германија, Португалија, Босна и Херцеговина и во Велика Британија.

Николоски од 1990 година живее и работи во Велика Британија, имал бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Познат е по автентичниот уметнички ракопис. 

Loading