Поетски изблик
„Под превезот на душата“ е поетската соната од поетесата Весна Шереметкоска, во која се пренесени можни и неможни траги од љубовта во една целовитост, во една мисловна врзалка. Книгата е добитик на втората награда на конкурост “Книжевен светилник”.
– Никогаш не исцрпените љубовни чуства, љубовта кон внукот, револтот. бесот и немоќта да се смени општеството, се главните теми. Откорнати чувства и мисли од душата ги пренесувам на хартија и ги споделувам – вели Шеремткоска.
Илија Мерковски вели дека избликот на авторката е имагинарна потрага по цврстината и силата на зборот, начин да се пишува со љубов, со страст на победник, на губитник, на вечен трагач по сјајот на ѕвездите украдени од неговите очи.
Поетската соната на Шереметкоска ја јакне душевната опсервација, одредува движење низ координатите на интуитивното насочување кон поимот љубов.