ТРЕТА СРЕЌА ЗА АЛЕКСАНДАР

4 Aleksandar Veljanovski

Александар Велјаноски прв стигна до Светиот Крст. Тој беше најсреќен меѓу стотината учесници кои скокнаа во водите на базенот на хотел Салида за празникот Богојавление. По трет пат успеа да го фати крстот кој се верува дека носи здравје и среќа. Во 2014 г. кога по вторпат беше највешт и најбрз меѓу верниците, Александар од преголема возбуда се претстави како “Александар Македонски”. 

Loading