Некогаш денешниот плочник бил функционален. Бројните градби , паркингот го стеснувале просторот за шетање на пешаците. Хотел Јадран, хотел Југославија (рибниот ресторан), дуќаните од страната на Стара На-Ма, трите трафики за весници, цигари лотарија ги овековечил некој редок фотограф, качувајќи се на Саат кулата да направи саглам панорама. Сите споени со последниот сокак не му даваат да дише плочникот кон Градска кафеана. Тој премин се отвори од калдрмена улица и за автомобили, подоцна се “специјализира” само за пешаците.
Впечатлива е вегетацијата околу градбите која е бујна во централното градско подрачје.