Шах
Шаховскиот клуб Прилеп го одржа Редовното собрание на кое е избрано ново раководство. Претседател е ИМ Тони Кироски, а покрај него во Управниот одбор уште двајцата шахисти со високи титули – ВМ Звонко Станојоски и ФМ Славе Трајкоски. Приоритетите во претстојниот мандат се обновување на викенд турнирот 11 Октомври, организирање на брзопотезни месечни турнири и учество на државни и меѓународни натпревари. Планот во Супер лигата е освојување на едно од првите три места. Тоа е собирање на квалитетот што го имаат домашните шахисти, а можеби и доведување и на засилувања.
Најавено е посебно внимание за омасовување на шаховската школа со афирмација на древната игра кај најмладата популација.