ЌЕ СЕ ИСЧИСТАТ ЛИ ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ВОШКИ?!

Kristija Pilicev v d direktorКристијан Пиличев е новиот в.д. директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“

Пиличев е дипломиран економист и активист на СДСМ

Нов вршител на должноста директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ е Кристијан Пиличев.  Градоначалникот Илија Јованоски,  во рамките на своите надлежности, на 15 декември го назначи Пиличев на функцијата, на која што дојде на местото на Ирена Стерјовска – Локвенец. Според локалната самоуправа, кадровската смена се должи на исклучително лошите услови во домот за стари лица, во кој што грижата за штитениците е на најниско ниво.

Кој е новиот в.д. директор на јавната општинска установа која располага со над 150 легла за згрижување на стари и изнемоштени лица и речиси секогаш е целосно искористена? Кои ќе бидат неговите приоритети и заложби во менаџирањето на старскиот дом кој се грижи за штитениците од третата доба?!

Кристијан Пиличев е дипломиран економист. Кадар од СДСМ кој, меѓу другото, ќе треба ли да ги исчисти штитениците од вошки?! Тој работел во кафуле пред да стане директор.

Претходно, во чаршијата се манипулираше дека наводно извесен Филип Секулоски ќе биде новото име за директорското место во Домот  за стари лица.

Dom za stari lica

ПР-от на локалната самоуправа, Моника Талеска, во врска со поставувањето на новиот директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник”, на 16 декември на нејзиониот ФБ профил напиша:

“Домот за стари лица, пред две години беше со блокирана сметка, а штитениците гладни и смрзнати. Овојпат, условите не се подобрија воопшто, напротив, штитениците имаа вошки, хигиената е на најниско ниво, отсуствува потребна грижа за штитениците на кои им се земаат пари за престојот, додека партиски кадри се шетаат низ град во работно време, уживаат… Приказната за уништувањето на домот за стари е стара, сигурно повеќе од 7-8 години. Директорот Рибароски не одолеа на притисоците на партијата да вработува несоодветни кадри, па домот потона во долгови. Тој се врати на старото место во Општината пред 2 години, па ја именуваа Стерјовска – Локвенец, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и советник, која што неславно ја заврши приказната, вошки, нечистотија, негрижа во домот… За да се заштитат старите лица и да им се овозможат пристојни услови за живот, новата локална власт, именува нов директор, Кристијан Пиличев, економист, кадар од СДСМ. Огромни се  предизвиците што стојат пред овој директор. Треба да го врати сјајот на овој дом за стари, како во поранешните времиња”. 

Loading