КАТЕРИНА КОЦЕВСКА ПРВ ЧОВЕК НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

4 Katerina Kocevska  prv covek na   MTF  Vojdan CernodrinskiКатерина Коцевска е новиот уметнички директор и селектор на МТФ „Војдан Чернодрински“. Собранието на МТФ даде виза актерката да ја креира  репертоарската програма после колегата Петар Темелковски, кој 11 години беше прв човек. Таа ќе ги изгледа претставите од репертоарите на театрите до 30 април годинава, по што ќе соопшти кои ќе бидат дел од годинашната програма на МТФ на почетокот на јуни.

Коцевска е добитничка на повеќе награди, меѓу кои и “Војдан Чернодрински”. Лаври добила и во Сараево. Таа била дел од ТВ серии и филмови. Автор е на драмски текстови, од кои дел и режирала. 

Loading