ИСПРАВЕНИ ОГРАДИТЕ НА МОСТОВИТЕ

thumbnail

Локалната самоуправа ги исправи извитканите огради на мостовите на ул. „Трајко Николоски“ и на „Александар Македонски“ на стариот пат за Битола за да ги штитат минувачите од опасности при движењето. За неполн ден пред Нова година извитоперените огради од некоја сообраќајка, мајстори ги исправија и ги доведоа во старата безбедносна состојба. Локалните власти се одзваа на фотографиите на Зенит и дури ги вапсаа оградите со нова боја. Потегот е за пофалба, макар што реакцијата доцнеше.

Како и да е, народот вели – “Ако е забавено, да не е заборавено”.

Loading