ЗЕНИТ ВО НОВО РУВО

CIMG2604

Во новото лето во кое штотуку зачекоривме, неделникот Зенит полни 10 години. Заокружувањето на првата деценија од појавата на медиумскиот простор со кој ја разбивме информативната темнина на 2 мај 2008 г., редакцијата ќе ја започне во ново руво. Најавуваме дека наскоро неделникот ќе биде со нов излед, во нов формат, дизајн и со повеќе црнобели и колор страници. Ќе понудиме и нови рубрики, занимливости. Секако централна тема ќе останат случувањата во градот и приказните за луѓето и случките кои се необични, интересни, несекојдневни. Базирани врз објективното и професионално новинарство, известувањето ќе го поткрепуваме со колор фотографиии. Ќе следат и други изненадувања!

Годината што мина ја крунисавме со новогодишен број отпечтен во неверојатен тираж дури од 6500 примероци, каков што посакуваат дури и државните дневни весниици!

Понатаму Зенит ќе биде критично око и синонимот за “петок”, како ден во седмицата, а неделникот во новото издание останува придружник за првото утриско кафе, хроничар на времето и архива која ќе можете да ја оставите на наследниците, затоа што електронските вести се бришат, а печатеното издание остава траен отпечаток. И впечаток! 

Loading