ВЕРНИК ИЛИ НЕ?!

So sopartijci na Kolede

Градоначалникот Илија Јованоски одби да ги прими дечињата кои го навестуваа Христовото Раѓање. Околу двесте деца кои со родителите, беа дел од Бадниковата поворка, само поминаа крај општинската зграда. Ниту милозвучната бадникова песна „Вечниот Бог”  во која се пее за мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја, не го привлече ниту пак го омекна срцето на градоначалникот.

Споре порталот Маркукуле, ваквиот начин на празнување на Бадник претставува една возобновена древна традиција за одбележување на овој празник а преку кој се негува традицијата и културата.

– И годинава свештениците и малите ангелчиња очекуваа да бидат примени од градскиот татко и да им подели бадникови пакетчиња. За жал, градоначалникот после три недели договарање, одби да ги прими малите ангелчиња со изговор дека, како прво: „градоначалникот не е Дедо Мраз па да дели пакетчиња”, и како второ: „Утре е Бадник и неработен ден, така што…”.

Разочараните дечињата со придружбата, минаа пред општинската зграда, па низ градските улици го навестија Христовото Раѓање – Божиќ, пишува Маркукуле.

Службите од општината го правдаа со тоа дека градоначалникот Илија Јованоски решил да не ја користи општината со која раководи за потребите на црковната манифестација. Поаѓајќи од уставната секуларност и Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски практицираат хабитус, којшто не се храни со популистички манири.

Бадниковите поворки ги поддржаа колегите од СДСМ во Кривогаштани, Крушево…,  дури и Шилегов во Скопје.

На социјалние мрежи се појавија фотографии на кои Јованоски со сопартијци, празнува крај коледарските огнови.

500 деца на ручек за Божик

Желбите за радост, среќа, безгрижни детски денови си посакаа околу 500 децата од земјава без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, заедно со децата од другите верски заедници на 12-тиот традиционален боижикен ручек организиран од “Детска амбасада, За сите деца во светот” под мотото “Едно небо за сите деца”. Се споделија детските радости и насмевкитеи барем еден ден децата да заборават на животни пречки.

Градоначалник Илија Јованоски им подели новогодишни пакетчиња.

Decata samo minaa kraj opstinskata zgrada

Loading