СТАРЕЦ „КУПИЛ“ СААТ ЗА 17.000 ЕВРА

Две лица со измама му одзеле 17.000 евра на прилепчанецот Ѓ.А. (92) на плоштадот „Александар Македонски“. Откако сфатил дека е измамен пријавил во полицијата.

Според МВР, лицата го сретнале, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. отишол во банката и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал. Тие му рекле да ги почекаа да и ги покажат парите на некоја жена во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец. Откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен. Пријавил во полицијата која презема мерки за пронаоѓање на измамниците.

Loading