СЕ ОБЕСИ ПРИТВОРЕНИК

Во затворот во Прилеп

Во една од ќелиите на притворското одделение на прилепскиот затвор  бил пронајден обесен Р.Н. (32) од Прилеп, кој издржувал притвор. Случајот  бил пријавен  во полицијата.

Во притворската келија биле неколкумина. Кога притворениците биле пуштени на прошетка во дворот, момчето не излегло. Цимерите го нашле обесен кога се вратиле. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.          

Се дознава дека момчето не покажуало знаци оти може да посегне по животот.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полицијата. 

Loading