ИН МЕМОРИАМ – ПЕТРОВСКИ БЛАГОЈА 1937 – 2017 Г.

1Почина преведувачот на македонските работници, електрозаварувачи во бродоградилиштето во  Гетеборг во Шведска. Роден во Гевгелија во 1937 година, неговите родители после војната се преселиле во Вршац. Тој ја поминал младоста во овој војводински град, а во 1962 година заминал да работи како заварувач во бродоградилиштето во Шведска каде стекнал квалификација за инструктор. Со скопјанката Рада создал семејство со две деца и внучиња.

Во седумдесеттите години од минатиот век многу Македонци се иселувале во Америка, Автсралија и во Европа. Благоја бил човекот кој барал македонски граѓани за работа како заварувачи во Шведска. Ангажирал двапати по две групи од битолското биро за вработување со над стотина работници, од Кавадарци околу стотина, од Гевгелија и Вршац неколку десетици. Заедно со властите организирал курсеви за обука за да се ангажираат во бродоградилиштето. На сите им обезбедил модерни станови за престој, и ги обучувал за совладување на јазикот. Им бил преведувач. Им помагал на работиците за решавање на сите проблемите од службен и приватен карактер.

Иако беше здрав и пргав човек, заболе при крајот на минатата година. Покрај лекарските интервенции, здравјето му се влоши и се предаде на болеста.

Почина на 14 декември лани, а посмртните останки се закопаа крај капелата на гробиштата во Гетеборг во присуство на неговите роднини и пријатели, заварувачи.

Замина хуманиот човек кој зад себе остави многу добрини за работниците со македонско потекло во Шведска.

Бог да го прости и вечна му слава.

Томе Велјановски – Марулецот Гетеборг Шведска

Loading