ДИЛИЖАНСА ПОД МАРКУКУЛЕ

8 Landonot bil simbol na corbadziite i pecalbarite

Според фотографијава, скоро секој може да се измами дека станува збор за сцена од вестерн филм. Впрегнат пајтон со два црни коњи – вранци и пајтонџија. Во заднина се гледа карпест предел, кој наликува на Дивиот Запад и недостига само мала дрвена куќарка за земање и давање на пошта.

Во делот за патници, седнати се три дами и два господина. Госпоѓите носат големи пердувести капели, а облечени се по последна, “ала франг” мода. Веројатно се печалбари од Америка, кои дошле дома со полни ковчези злато. Како старите чорбаџии го грабнале пајтонџијата да ги шета околу Маркукуле, како дилижансите во Америка. Капите на машките глави ги оддаваат дека се наши луѓе. Фесовите, а не палариите, се типични за овие простори. Пајтонот или ландонот, како што некои го викаат, раскошен како царска кочија од крајот на 19 век, изгледа удобен за возење.     Со внимателен поглед се открива дека локацијата не е Дивиот Запад, туку “кроткиот” Прилеп, зашто се гледа завеан снег и карпите се од Марковите кули, налегнати една на друга со вековите, а не како во Америка – тенки и високи.  

Loading