ВМРО – ДПМНЕ
Според ВМРО – ДПМНЕ градоначалникот Илија Јованоски не си верува повеќе ни самиот себе си! Во соопштението стои дека ВМРО – ДПМНЕ не знае на кој Илија да му верува, на тој од митингот во Прилеп односно „добриот” Илија или на тој од 1.1.2018 што остави 300 семејства без егзистенција!
“Најдобро да го прегледа видеото од митингот и да одлучи која улога ќе ја игра. Благодарение на него во општината е запрен процесот на легализација! Благодарение на лагите негови запрен е наставниот процес во градинките. Благодарение на лицемерието и непознавањето на законите 130 наставници остави дома! Решение во образование последните 13 години земаа сите што имале минимум 2 год. стаж. Сега гој и тие ги избрка. Ако ги потполнувал местата на неопределено, зошто со договор ги вработи „професионалците” Моника Талеска, Зоран Милошоски, Гоце Туманоски и шофер со договор на дело. Другите шофери се непрофесионалци? Што ако недајбоже некој договорен кадар го уништи службеното возило? Го прашуваме градоначалникот каде и колку се парите што ги собра на “турбо-фолк” забавата за Нова година?” ВМРО-ДПМНЕ му забалежува на градоначалникот Илија Јованоски дека смета оти уште е во кампања.
“За една недела се отпуштени од работа преку 300 луѓе, кои професионално ја вршеа работата во образованието, детските градинки, администрацијата и ослободивте место за партиски соборци и послушници, на кои сте им ветиле награда за изборната кампања, а не успеавте да спроведете нити еден ветен проект. Не минува приказната дека претходната локална власт не се погрижиле за статусот на овие луѓе, туку вие ги пративте дома. По цена да ја ризикувате работата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и останатите институции и квалитетот на услугите кои граѓаните треба да ги добијат, се отчестувате со сопартијците. Со тоа потврдувате дека приоритет не е животот на граѓаните и нема да има живот за сите! Треба да одговорите, зошто си поигравте со судбните на стотици семејства! Се надевавме дека реваншистички отпуштања нема да има и дека отпуштените ќе работа за што имаат и законски права, сепак сигурни сме дека почна агонијата на граѓаните и на партиските неистомисленици. Бројот на сограѓани кои ќе ги загубат работните места ќе биде значително поголем! Не заборавајте дека власта е одговорност и прилепчани нема да дозволат манипулации – стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.