ЖРТВАТА НА РЕЖИМОТ, СПРОВЕДУВА РЕЖИМ

Моника Талеска, портпаролот на Општина против ЗНМ и  новинарите

– Ниту локалната самоуправа, ниту власта не смее да се меша во работењето на здружението на новинари

CIMG2591

Локалната власт, односно државата се меша во работата на здружението на новинари. Преку постапките на портпаролот Моника Талеска, Општината индиректно се обидува да стави ред во новинарството и на новинарите им го одземе и тој мал простор кој го користат, речиси една деценија за средби и состаноци. На повикот од координаторот на ЗНМ, Жанета Здравкоска, новинарите од Прилеп и регионот да одговорат дали имаат потреба од користење на  просторијата во НУЦК „Марко Цепенков” како клуб на новинари и во иднина, наменета за сите новинари, посебно за членовите на ЗНМ, таа отиде до таму што преземаше активности, само и само новинарите да останат без тоа катче. До неодамна и таа користеше простор во старата општинска зграда како новинар  и  косопственик на списанието Патококаз, издавано од заедничката фирма Медиа Програм со нејзиниот партнер, новинарот Дарко Штаргоски која во април годинава ја пуштиле во стечај. Спроведува ли сега, таканаречената “жртва на режимот”, стечајниот работник, сега режим, потпишувајќи се на мајлот како PR counselor, советник за односи со јавноста на Општина Прилеп, со новиот градоначалник Илија Јованоски?!

Идејата на координаторот на ЗНМ е просторот да биде за сите И се испита потребата за него.

CIMG2592

– Тоа е простор каде ќе можете да завршите дел од вашите обврски или да се дружите, да се напиете кафе и слично – катче за новинари. Ова има за цел да видиме колкава е потребата на прилепските новинари и околните дописници просторот да се користи како клуб на новинари, наменет за сите. Оние кои имаат потреба – пишува Здравкоска.

По преписките со Моника Талеска, испратени до група новинари, Здравскоска јавно ја прашува:

– Моника, немам намера да се расправаме. Но, да те прашам дали ти си таа што отиде кај директорката на Центарот за култура да и велиш дека новинарите немале потреба од простор, оти сите имале канцеларии. На кој новинар не им треба простор?… Ова го прашувам за колегите од Прилеп, зашто колку што знам, ти си вработена во општина…”.

CIMG2594

Плен на „мршојадци пред умирање”

На 15 ноември  Моника Талеска одржа прес, по што на маил до колегите го испрати ворд документ насловен “Несреќа”, во кој се претстваува како жртва на режимот, а на маилот тогаш се потпиша како freelancer journalist во кој тврди дека е жртва на режимот, презентирајќи и на јавноста дел од нејзиниот професионален и приватен бележник, на страниците од ВМРО-ДПМНЕ. Ви пренесуваме дел од текстот.

CIMG2598

“Локални функционери од ВМРО-ДПМНЕ, јас сум, од ретките коишто можат со чиста совест да кажат дека без калкулации, посветено преку две децении работи на подобрување на општествено-политичките процеси и особено на статусот на социјално загрозените и обесправени по разни основи граѓани, да, неприкосновен борец за човекови права. Зарем заборавивте дека мене ми се обраќате. Не се обидувајте преку мене да го храните револтираното ваше членство, поради изборното фијаско што го доживеавте, премногу сум храбра и одлучна, професионална да бидам плен на „мршојадци пред умирање”. ПР советниците, грешно ви сугерирале, да креирате медиумска стратегија на доблесни политичари загрижени за човечките судбини. Зашто тие – не сте вие! Зборавивте ли дека јас сум истата новинарка, на која што не и ги плативте придонесите за здравство, во тежок момент, кога требаше да одам на операција, зашто имав тумор на лицето. Заборавивте ли дека не сакавте да ги чуете моите молби. Да. Се работеше за здравје. Двапати вашите партиски пиуни, ангажирани во ТВ Прилеп, ми дадоа отказ поради мојата објективност во информирањето, без око да ви трепне, а бев самохран родител. Заборавивте ли дека со бодигарди со и без репови… ми забранувавте да влегувам на работно место, не можев да си ги земам ни приватните предмети од фиока во медиумот, којшто пред вас беше медиумска куќа, во која слободно влегуваа сите граѓани на Прилеп. Ми вршевте стравотен политички мобинг, на колегите им забранувавте со мене да разговаат, немав биро, ни стол каде да работам, се влечев по судови. Само поради една причина,. ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ. Згора, на моето дете му ја зедовте и стипендијата во средно образование, вие партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Ве разбирам, дека сакате да се издигнете повторно од пеплиштата на политичкиот виор, во кој потонавте, но не можете преку мене? Ви треба доблест да понесете одговорност за вашите дела и злодела. Да ве потсетам, додека месечно ви се слеваа дома, по неколку илјади евра, кога јас Моника Талеска ве молев како човек, а не како новинар, без да знае јавноста, да продолжи со работа народната кујна, со цел што поскоро на сиромашните, на најгладните граѓани да не останат без леб. Заборавивте ли дека додека уживавте во вашиот раскош и самобендисаност, кога пак јас како човек, барав помош за граѓанинот којшто спиеше со змиите, без струја и вода во руинирана куќа наспроти манастирот Архангел Михаил. А, го нарековте човекот умоболен, зашто не заработувал, или крајно тој мора да е мрзелив. Ова е вашиот код, овој е вашиот чип. Сиромашните и немоќни вие вака ги третирате. Зарем вие на кои што око не им трепнува за овие граѓани мене се осмелувате да ме критикувате? Сите заедно да се соберете, ја немате силата и храброста ,човечноста и хуманоста што ја имам јас. Зашто сум човек кој не прави калкулации со животот на луѓето, со нивните судбини, зашто кога требаше вие да им пружате помош на обесправените, зашто ги имав обврските и ингеренциите, јас организирав хуманитарни акции зашто немав срце да ги гледам нивните страдања. Тогаш бевте ангажирани со патувања, во Австралија, Америка, со разни фестови и пиенки и јаденки…, трошејќи ги нашите пари, парите коишто требаше да се слеат како храна во устите на сиромашните родители и деца. Среќавав луѓе професионално, коишто ме бараа да ги поделат со мене страдањата, некои беа во длабока депресија, зашто се чувствуваа немоќни да им помогнат на децата, а вие тогаш уживавте, им вртевте грб, не се отповикувавте на медиумските приказни, на нивниот крик за живот, зашто тие го имаат тоа право. Човек не се станува хуман, хуман човек се раѓа! Партискиот стражар во домот за стари ми го фрли микрофонот, дури и демонстрираше подготвеност физички да ме удри, само затоа што ја презентирав вистината за штитениците, кои беа оставени без соодветна храна, без греење, во институција која беше извор на нечистотија. Да го потсетам Петар Ристески, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се засрамите што дозволивте болницата да тоне во хаос, без опрема и потребен кадар, вршевте политички мобинг врз вработените во болницата, партиски знамиња веевте од службено возило како директор на Здравствен дом. Ви ја разбирам мечтата, но нели сте преамбициозен стоматолог, кој сака само да биде директор на болницата поради привилегиите, пред врвните специјалисти во болницата? Марјан Ристески, сега кога не си градоначалник пак ќе те потсетам, на двочасовните закани по телефон, ако продолжам да работам против твојата агенда…  „ќе видиш ти што ќе ти направам…?”, повторуваше сè додека ти кажав дека ќе те пријавам ако продолжиш натаму да ми се закануваш. Јавноста многу детали од мојот професионален дневник на страната на мизеријата на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп не ги чула. Затоа, не продавајте магла. Јас бев, сум и ќе бидам секогаш на страната на обесправените, на граѓаните од социјално загрозените семејства, на страната на борците за човекови права, зашто сум хуман човек по вокација…”.

CIMG2597

Естетска корекција на носот

Талеска заборавила дека шест години го одржуваше списанието за афирмација на туризмот Патоказ преку нејзината фирма Медиа Програм со пари од локалната самоуправа. Откако “откри” дека локалната самоуправа ќе  падне и ќе секнат изворите од најмалку 400 евра месечен придонес за Патоказ,  плус уште од јавите претпријатија, ја пушти фирмата во стечај и ја смени политичката линија. Покрај дарежливоста, ги фрли во аут претходната гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ во локалната самоуправа кои ја одржуваа со години, а сега ги квалификува за „мршојадци пред умирање”. Наместо да му се заблагодари на Марјан Ристески за отворените финансиски канали на Патоказ  и во локалните самоуправи со градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ во Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Битола, Штип, Ресен, Велес, Охрид, Демир Хисар, Кавадарци… и од даржавните јавни претпријатија, таа почна да фрла дрвја и камења по човекот кој вторпат ја спасува од грев за леб. Пак и се најде рамото за плачење кога и секнаа 35 000 денари плата или четирипати поголема од новинарите.

CIMG2599

CIMG2601

CIMG2602

CIMG2603

По доживеаната агонија во ТВ Прилеп пред 15 години и неславното директорување во ЦПРТВ диво, без ден работно искуство, Ристески и овозможи наместо во бирото за вработување да се остане новинар. Остана на државните јасли и не се запишае меѓу невработените од каде дојде, покрај законските пречки. Го повика пријателот од високиот клер на МПЦ, како неодамна актуелниот градоначалник Илија Јованоски, да интервенира кај Ристески да ја ислуша нејзината мака. И ја ислуша. Но, во мегувреме борецот за права на сиромашните се луксузираше, правејќи естетска корекција на носот во приватен аранжман на клиника за пластична хирургија. Марјан Ристески не само што не и ја покажа вратата, туку, и неа, како и други вработени од ЦПРТВ, ги дарува со илјада евра мираз за доброволно заминување од информативната куќа која таа во 2005 г. ја остави за гробар. Да, бетер отколку што ја најде.

Има уште пикантерии за “независната професионална новинарска кариера” на Талеска? 

stecaj media

Taleska so gradonacalnikot na   Krusevo

Loading