ТРИ ЕРАЗМУС + ПРОЕКТИ ВО ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ОУ „Гоце Делчев“ реализира трите проекти со одобрени грантови од Еразмус+ програмата на Европска комисија.

6 Goce

Првата транснационална средба од двогодишниот проект со наслов, „Љубовта е за сите“, се реализираше во Мадрид, Шпанија, каде координаторите од училиштето учествуваа заедно со претаставници од партнер земјите Италија, Хрватска, Кипар, Шпанија и Романија. Проектот има за цел подигање на свеста кај возрасните и децата на тема толеранција и еднаквост, особено ставајќи акцент на новонастанатата ситуација со мигрантите на ниво на Европа. Во иднина, планирани се активности и мобилности на наставници и ученици кои ќе се едуцираат и ќе разменат искуства.

Втората транснационална средба, од проектот со наслов Еразмус+ Улица  се одржа во Коња, Турција. Проектот има за цел изучувањето на странските јазици да го трансформира од традиционална и центрирана на наставникот во модерна и центрирана на ученикот настава. Ученците ќе имаат можност да ги изучуваат странските јазици во средина која ќе симулира реални ситуации и ќе овозможи интегриран пристап со останатите предмети кои се изучуваат во училиштето. Партнер земји се Турција, Италија, Португалија, Хрватска и Шпанија, а наставниците ќе имаат можност да посетуваат обуки поврзани со темата на проектот во продолжение на три години.

Третата транснационална средба се одржа во Бистрита, Романија, каде темелно и детално се дискутираа активностите, целите, резултатите и исходите од двегодишниот проект на тема “Социјална инклузија на обесправени ученици”. Проектот се стреми да развие пет методологии од страна на партнерите учесници, Македонија, Италија, Португалија, Романија и Турција сé со цел имплементација на иновативни практики во партнер училиштата но и нивна десеминација и имплеменација и во останатите училишта во државите партнери. Проектот предвидува мобилности на наставници и ученици во наредните две години.

На транснационалните средби се дискутираа приоритетите и се дефинираа клучните елементи. Претставниците посетија училишта и образовни институции, како и претставници од локалните власти. Од прва рака се запознаа со образовните системи во европските земји. 

Loading