ТРИ ЧАСА 40 АКТЕРИ ЌЕ ИГРААТ „КЛЕТНИЦИ“

Вечерва премиера

2 Ansamblot na teatarot koj ucestvuva   vo pretstavata

Ансамблот на театарот вечерва од 19.30 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски. Претставата е голем проект, во кој игра речиси целиот ансамбл и повеќемина гости и на сцената се 40 актери.

 Клетници” ќе биде претстава за правдата и за човештвото.

– Најважните теми во животот се борбата за праведност, која е макотрпна и тешка, но и љубовта кон човештвото. Кога ова ќе се спои во претстава станува многу комплицирано. Ретко кој се занимава со овие теми. Кога тоа ќе се спои со ансамблот на прилепскиот театар, се добива комплексно и безвременско уметничко дело, но и како историски настан. Со ансамблот се обидуваме да ги промениме нештата во кои живееме, да испратиме сериозни пораки за суштинските вредности. Претставата трае три часа и мислам пак е малку да се кажат суштинските работи за смислата на животот – вели Кочовски.

Актерот Владимир Ѓорѓијоски, кој воедно е и драматург, е горд затоа што ја направиле претставата.

– Ова е “голем залак” и за далеку поголеми ансамбли. Првпат се поставува “Клетници”. Нझ претекна ансамблот “Берлине” од Берлин што го основан Бертолд Брехт, кој го постави текстот во почетокот на овој месец. Таму претставата трае шест часа. Тоа е за нас знак дека се носиме со европските театарски трендови – вели Ѓорѓијоски.

Автор на драмскиот текст е Горјан Милошевски, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката во живо ја изведува групата Фолтин.

Поради големиот интерес претставата се играше и синоќа.

Ова е последна, трета премиера на театарот годинава.

Loading