ПРАТЕНИКОТ ХАРИ – ФОТОРЕПОРТЕР

5

Кога ќе се најде фото репортерот во неповолна позиција за фотка на премиерот Зоран Заев, тогаш на сцената стапуваат дури и пратениците. Го земаат фото апаратот в раце и сликаат. Така се случи при посетата на Заев во Тутунскиот комбинат кога владиниот сликар заглави меѓу лентите и тутутнот, а премиерот веќе се намести за фотка. На помош се јави пратеникот Хари Локвенец во улога на фоторепортер. Во стапките на татко си, новинарот Тачко Локвенец, синот ја почувствува новинарската страст и професија, фотографирањето. Не ретко новинарскиот производ, приказна, извештај или некој друг новинарски жанр да се праќаат до редакцииите или се јавува во живо од тоалет, од каллива и смрдлива фарма со крави, од село полно со бесни кучиња… Не дај Боже, и од линија на фронт при војни. Иако Хари е инженер и магистер, проба како се вади новинарскиот горчлив леб.

Loading