КИФЛИ ОД ДЕТСКИ РАЧИЊА

ОУ „Климент Охридски“

2 Racinja vo testo - ucenicite od OU     Kli Ohridski

Во рамките на меѓуучилишната соработка, учениците од 2-4 одделение  од ОУ „Климент Охридски“ го посетија СОУ „Орде Чопела“. Вторачињата кои претходно со нивната наставничка научија како се прави леб и бели печива и подготвија вкусни кифлички во нивната училница, решија да ја посетат пекарницата Детелинка, која работи во склоп на СОУ “Орде Чопела” и да видат како во пекарница се подготвува леб и бели печива.

– Мајсторот Пеце им покажа по ред на малите љубопитни главчиња кои постојано прашуваа. Средбата – соработка помеѓу двете училишта – помина возбудливо. Децата добија покана повторно да бидат гости во ова училиште – вели наставничка Гордана Стојаноска.

Во СОУ “Орде Чопела” нивни домаќини биле професорките Анита Галеска и Василка Митреска.

Loading