ГРАЃАНИТЕ НА ШТРЕК – КУЧИЊАТА ОТРУЕНИ

kuce 1

Мрачната атмосфера што се создаде дека кучињата, скитници, се сериозна опасност по безбедноста на граѓаните однесе најмалку уште една жртва. Еден малски миленик во Бончејца замина од овој свет во обид да се нахрани. Некој посеал затруена храна и кучето почина во својата импровизирана куќарка.

Во мегувреме, градските власти апелираат на воздржување со пресметки со кучињата. За жал, нема плод од повиците. Додуша десетици кучиња секојдневно слободно ги мерат улиците низ градот без да бидат заловени од соодветната служба. Дури го блокираат сообраќајот во ценатрот, додека возачите се трпеливи, а граѓаните на штрек.

kuce2

Loading