ЦВЕЌЕ ЗА ДАМЕ ГРУЕВ ВО СМИЛЕВО

За 111 годиншнината

9

На 23 декември се навршија 111 години од загинувањето на великанот на ВМРО, Дамјан Груев. Се одржа панихида во чест на револуционерот во родното село Смилево. Граѓани, почитувачи на ликот и делото на Груев, се поклонија и на местото каде се пренесени останките на корифејот на македонското револуционерно дело. Името на Дамјан (Даме) Груев е длабоко врежано во колективната меморија на македонскиот народ и неговата борба за независна држава. Тој е основоположник на македонската револуционерна организација ТМОРО – ВМРО и нејзин врвен организатор и раководител, кој својот живот го посветил на македонската револуционерна борба. Убиството на Дамјан Груев претставува огромна загуба за ослободителното  движење.

Loading