ТРИ ЧИТИ ПРОТИВ СЛАНА

– За многу години денов да е, како си?

– Никад боље у историји своје, како шо викаше Џурако, ако се сеќаваш.

– Кој стар прилепчанец не се сеќава на него. Бисери му излегуваа од уста. Со малце зборнато, многу кажано.

– Ко го спомнавме  ми текна една случка. Шо му напраил на еден негов роднина или пријател. Миле се викаше.

– Кажи жити леб.

– Му вели на Милета. “А бе едепсас, уште не си оженет?”, а овај, “Не бе, убо ми е вака”. “Така не чини, ти фали рамнотежа. Настрана одиш”, му вели Џурако. “Како шо те гледам, ако не се ожениш до есен, че усланиш”. И толку. Му ја пикнал чивијата и заминал. Не чивија, туку чеклас брат. Сé ко че му текнело  муабето, чекласот подлабоко му влегувал.

– И го изваде?

– Го вадел, ама… Барал Миле прилика.Тешко му одело. Есен се ближела. Си велел дека че го ватела слана, нема бегање. Еднаш со Странецо шоферо, го знајш ебаго,

– Како не, Бог да си го прости.

– Се врајчале од Белград. Кај Ниш застанале да каснат, да испружат нозе и малце да ја освежат устата и очите. Знаел Странецо, драпач невиден, кај го носи. Келнерки млади – капки. Послатко било јадењето и пијањето ко че те служи чупенце.

– Така е. Шо е право, убо му рекол.

– Седнале, вели Миле, и еве го едно ко сипче. Убајна, па вели, “шта че те”. А бе за мене че те една ракија, а за овај “Шта оче”. “Очете шљиву”, го прашала и цело време му се смешкала. А бе сливу, сливу, дај што било, само побргу, душава да си ја повратам. По некое време ја носи порачката. Се вратила насмеана, па ко сипче. “Желите још”. “Јас”, вика, “ја врлам ракијата на екс”, велам, “уште една, ама, ако седниш до мене, можи и дупла”.

– Опа! Тргнала работата!

– Не да тргнала. Заџидала. Тој дупла, таа дупла. Странецо клепал и буцкал. На толку дупли, Миле се сетил на муабето со Џурако. Си рекол, еве шанса да не ме вати слана. Почнал да реди ѕвезди, цвејчина, животинчина, море за него, кој е шо е, ваков – таков, кујча, ваква – таква, пари олку – толку, да не ти кажувам.

– И, скрати малку, да му се сневиди.

– Во занесот му вели на Милета, “Јао, како си јак лепотане, као Тарзан”. А тој да не остани покусо í вели, Ја Тарзан, ама ти Џејн, поголема лепота нејн. Чити во Прилепон, колку сакаш има. “Џејн има Чита, не брини”, му вели пилето и се смеј. Застанал малце Миле, па си вели, “Ваква лепота за една Чита да заебам? Никако! Че си работиме за други Чити и готово”.

– Се кандисал?

– Шо да прај кутрио? Се согласил и рекол, “Чути, ко не се две. Оди, спакуј се и право во Сканијава. Ако треба, че трчам по вас. “Ама нису две. Џејн има три Чити”, со кикотење му ја кажала радосната вест. Миле отрезнал! Си рекол, дур не е доцна, “Сестро, ти многу напредна, кога успеа толку набрзина”. “Не на брзина, једно по једно”. И не један татко, три татковце, да пакујем?”.

– Ако си спакувана, одпакуј се. Доста ти е пакувања. Уште во Прилепон да те однасам со три мајмунчина, та да не можам гла да кренам од мојте мајмуни. Ами срамот, ами заебанциите. Не да усланам, ако треба и мраз да ме вати, нека извини Џурак, ама… Мирко пали колата да ја прсниме од овде побрзо.

Џага-Дур

Loading