СЛИКИ ОД МИРЈАНА КРСТЕВА МАСЕТИ

2 Tvorestvoto na Massetti pred   prilepcani

„ТИ“ е тематската изложба од Мирјана Крстева – Масети отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Од суштествено значење се најновите остварувања во сликарството и графиката на Масети како автор, на почетокот на конструирањето на творечката физионимија Делата се продлабочени, автентични и иновативни проникнувања и обликувања на сопствената уметничка слика.

– Фокусирана сум на рамно третирана боја и разните колажни исечоци, кои во меѓусебната коегзистентност создаваат сегмент на слика во слика. Во имагинарен простор, слободно се распоредени мали симболични форми (на сонце, месечина, ѕвезди ..) како и одделни летристички мотиви, често испишани со неразбирлив ракописен јазик (пораки). Овие сликарски атрибути и симболични компоненти, записи, кои носат асоцијативни лирски вибрации, се тука за да му дадат внатрешна, мисловна и поетска смисла на делото – вели  уметницата.

Таа е автор со современ графички израз, со примеси на лирска апстракција. Го негува цртежот како прв артикулиран медиум. Изложбата носи високо емотивна нота, визуелниот импакт, поставката лелеаво вибрира како интуитивен екстрем.

Досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби.

Loading