ИЗЛОЖБА ОД ДРАГАН ВЕРГОСКИ – АЛПИ

Тематската изложба „Ликовни записи, акрил, мотиви, од реката Црна, Вардар и Стоби“ од Драган Вергоски – Алпи ќе биде отворена вторник од 19 часот во галеријата „Борко Лазески“. Делата се создадени меѓу мај  и октомври годинава.

– Изложбата е посветена на мојот професор Борко Лазески, каде што ги научив ликовните техники. Делата се работени на локалитетот Стоби кој што се наоѓа повеѓу двете најголеми реки во Македонија, Вардар и Црна река. Работени се во слободното време, додека главна преокупација ми беше реставрација и конзервација во крстилницата, на подниот мозаик во античкиот локалитет – вели авторот.

Loading