ИСЧЕКУВАЊЕ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Уште ништо официјално нема од прволигашот Победа. Веќе трета недела, откако е одморот. Нема вест или барем најава за новодојдени, заминати, останати. Нема ниту датум за првиот нареден собир, вообичаено по Божик. Приврзаниците, и тие внатре и тие надвор, како да исчекуваат нешто. Можеби ќе тргне на подобро по состаноците на Управата, во која се претставници на фирмите – финансиери. Бил одржан еден, а во најава уште еден состанок. Важно е што поскоро да се дефинира финансирањето, оти секој нареден загубен ден носи минуси. Тренерот Славољуб Бубања нема потврдено останување, а играчот Филип Најдовски најавил дека нема да го обнови завршениот договор.

Победа заслужува поддршка, бидејќи, покрај сите околности, есеноска освои 19 бода, четири повеќе од лани, што дава реални шанси за опстанок.

Loading