Шах
Фидемајсторот Роберт Велески го освои 55 место на турнирот „Белградски трофеј“. Пласманот не е лош при учествуво на 177 шахисти, меѓу кои 13 велемајстори и 15 интермајстори од 16 држави. Прилепчанецот постигна 3 победи, 4 реми и 2 пораза.
Имаше турнир и ,,Гамбит Асеко” во Скопје, каде во групата А (за рејтинг до 2200) Кире Николоски е шести меѓу 71 учесник, а во групата Б (за рејтинг до 1800) Матеј Ѕвездакоски е петти меѓу 115.