СЕ ИНТЕНЗИВИРА „КЛЕТНИЦИ“

Во театарот се интензивираат подготовките на претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски, која на сцената премиерно треба да биде изведена на крајот од месецот. Екипата брои 30 луѓе, дел се досегашни соработници и дел се нови.

Режисерот Мартин Кочовски вели дека  “Клетници” е епско дело и подобро нема од него.

– Се водиме од основното, колку нас како индивидуи, општеството нé притиснува, ни го променува животот, ни создава бариери да ја достигнеме среќата. Мислам дека среќата е најелементарно чувство да го сакаме   живеењето – истакнува Кочовски.

Музичката група Фолтин ќе свири во живот, а за сцената, костимите и светлото ќе се погрижи Јулијана Војкова Најман. 

Loading