НИТУ ПАЈАЖИНА ОД ВЛАЧАРНИЦИТЕ

8 Fabrikite gi sutnaaa vlacarite

Неколку влачарници и предилници биле претходница на предилницата Билјана, која пропадна пред две децении. Овие мали работилници со импровизирани машини, ја претворале волната во конец за плетење. Неколку работилници ги задоволувале потребите на градот. Се памети и последната влачарница на улицата “Кузман Јосифоски”, која уште е во функција, а сопственикот и стави клуч, бидејќи не можеше да се носи со модерната техника. Додека машината се полни со прашина, се памети и влачарницата и предилницата во старата чаршија. Ама и од нејзе поштук. Нема ниту пајажина. Исчезната е и најмодерна влачарница од Ќорвезировци преку река.

Вештите мајстори со помош на машините ја претворале волната во конец, а умешните раце на домаќинките плетеле фермелиња, калчуни, нараквици, полувери и друга облека против зимскиот студ.

За цветот на старите занаети останаа да сведочат старите фотографии.   

Loading