ЛАМПИОНИ ВО ЦЕПЕНКОВ

2

Холот во ЦК „Марко Цепенков“ тежи – лежи од детски играчки, елки, лампиони, играчки, новогодишни украси, честитки… Разни снешковци, Дедо Мразовци, новогодишни венчиња. Тргна новогодишната еуфорија. Луѓето се мераклии да се израдуваат за смената на старата и новата година. Сакаат да го декорираат домот во новогодишен блескав сјај. Продавачите на дребулии годинава малку тријат раце, иако цените се пристојни. За новогодишен амбиент вообичаено се пуштаат нозете, малку повеќе од јорганот, да се смени барем за неколку дена “домашното руво” и да се израдуваат најмалите.

Граѓаните полека се прибираат на затворениот новогодишен мал панаѓур да направат скромна “дедомразовска вреќа” за Новата 2018 година. 

Loading